Интегрална пица со зеленчук

Интегрална пица со зеленчук

Упатства

1

Во чинија за мешање ставете ги двaта вида на брашно и сол, па убаво измешајте.

2

Во шоља, во меѓувреме разматете го квасецот со малку шеќер и топла вода (од оние 160 мл.).

3

Потоа сипете го во брашното заедно со маслиновото масло и остатокот топла вода.

4

Замесете мазно тесто и оставете го да нарасне.

5

Тиквичката изрендајте ја, посолете и оставете малку да отстои.

6

За тоа време на малку маслиново масло, продинстајте го ситно сецканиот кромид, потоа додадете го лукот, а на крајот тиквичките.

7

Динстајте 15-тина минути, односно додека не испари целата течност.

8

Тестото расукајте го на два правоаголника, па ставете ги те на плех за печење, прво распоредете ги тиквичките на тестото, потоа тенко сецканата пиперка, домат, пиперка и маслинки, па печете во рерна на 250 степени 20-25 минути, додека тестото убаво не порумени.

9

Извадете ја пицата од рерна, посолете ја, попрскајте ја со оригано, маслиново масло, а на крајот одозгора додадете некое ливче свеж босилок.

3 прочитано
Сподели:
jkiril 4 Рецепти

У кујна сум цело време

Коментари (0)

Најави се за да оставиш коментар.

Сè уште нема коментари.