Срциња со цимет од лиснато тесто
Упатства
1
Измешајте ги шеќерот и циметот.
2
Расукајте го листатото тесто на долгнавеста кора, широка отприлика 10см.
3
Посипете од мешавината од шеќер и цимет на работната површина и ставете го тестото за да се налепи. Потоа посипете го остатокот од мешавината и од горната страна.
4
Свиткајте го тестото во облик на срце - половина ролна од едната страна, половина од другата. Сечете парчиња дебели околу 2см.
5
Наредете ги парчињата на тава обложена со хартија за печење. Нека се печат околу 15-тина минути на 180С.
6
Откако ќе ги извадите испечените срциња посипете ги уште еднаш со преостанатата мешавина од шеќер и цимет.
7
Најубави се додека се топли...неверојатен вкус, а толку едноставен рецепт од само 3 состојки.
Коментари (0)
Најави се за да оставиш коментар.
Сè уште нема коментари.