Тавче гравче
Рецепт за традиционално македонско тавче гравче
Упатства
Приготвување на гравот
Се става гравот во вода да отстои додека не набабри (една вечер).
Потоа првата вода се истура и во тенчере се става нова (втора) вода со гравот. Се остава гравот да почне да врие.
Откако гравот ќе почне да врие, се истура и оваа вода (втора) и се додава нова вода (трета) и тенџерето се враќа на оган повторно гравот да врие.
Во меѓувреме исечете ги пиперките надолжно и исчистете ги од семки. Исечкајте кромид на коцки и лук на ситни парчиња.
Додадете ги пиперките, половина од сечканиот кромид и лукот во водата со гравот и затворете го тенџерето. Варете околу 30 минути.
По половина час, проверете го гравот дали е мек (со лажица би требало зрното лесно да се згмечи), во зависност од тоа колку е свеж гравот можно е да му треба повеќе време. Ако водата е испарена, додадете уште вода. Ако пиперките се меки, може да ги извадите и тргнете на страна.
Кога гравот ќе биде мек, може да се тргне на страна и да се почне со приготвување на тавчето.
Приготвување на тавчето
Во длабоко тавче за пржење додадете малку повеќе масло, другата половина од сечканиот кромид, сол и пржете додека кромидот не омекне.
После неколку минути пржење на кромидот, додадете вода од гравот. Ако испари водата, додате повторно.
Пиперките што се вареа со гравот, извадете ги од тавчето со гравот и излупете ги, изгмечете ги и ставете ги во тавчето со кромидот. Додадете и црвен пипер. Оставете да се динста, ако е потребно, повторно додадете вода од гравот.
Ставете го гравот, со малку вода во глинено или керамичко тавче за печење. Додадете го кромидот што се дистанше/пржеше. Ставете сол, и поросете со мелениот ким.
Ставете го во рерна на 180 степени околу 45 минути.
Коментари (0)
Најави се за да оставиш коментар.
Сè уште нема коментари.