Болоњезе рагу
Оригинален рецепт за Болоњезе. Препорачано да се јаде со талиатели или лазања.
Упатства
Исечкајте ги морковот, целерот и кромидот на ситни и исти по големина парчиња. Подгответе зеленчуков бујон.
Сланината исечете ја прво на кришки, па потоа на ленти за на крај ситно да ја исечкате со нож.
Истурете малку масло во веќе загреано тенџере, додајте ја сланината и оставете ја да се зарумени.
Додека се пржи, раздвојувајте ја со дрвена лажица.
Штом сланината е добро зарумена, додајте го сечканиот зеленчук.
Измешајте и оставете да крчка 5-6 минути. Потоа додајте го меленото месо во сосот.
Мешајте со дрвена лажица и зголемете ја температурата. Оставете месото полека да се зарумени, за да се запечати добро. Потоа додадете го црвеното вино и повторно мешајте.
Штом алкохолот ќе испари, додајте го доматното пире.
Измешајте за да се соедини. Додајте неколку лажици топла зеленчукова супа.
Поклопете со капак, но не целосно затворено. Во овој момент рагуто треба да се готви најмалку 2 часа на тивок оган. Проверувајте го на секои 20 минути и по потреба додавајте бујон. По 2 часа, пробајте го и зачинете со сол и црн пипер по вкус. Измешајте и вашето рагу е готово.
Коментари (0)
Најави се за да оставиш коментар.
Сè уште нема коментари.