Македонска пита
Упатства
1
Замесете средно меко тесто и оставете го да одмори 20–30 минути.
Поделете го на две големи топки.
Секоја голема топка поделете ја на 5–6 мали топчиња.
Секое топче развлечете го во чинија голема колку десертна чинија, премачкајте го со свинска маст и редете ги едно врз друго. Последното не се премачкува одозгора.
Оставете ги двата купа од кори да одморат 20–30 минути.
2
Потоа од секој куп развлечете една голема кора. Едната оди долу во тавата, ставете го филот, а другата одозгора.
Рабовите затворете ги, премачкајте ја целата пита со малку маст и избодете ја со виљушка и по желба наросете со сусам.
3
Печете на 190–200°C околу 45–55 минути, додека убаво не порумени.
Кога ќе ја извадите, покријте ја со крпа 10–15 минути за да омекне.
Коментари (0)
Најави се за да оставиш коментар.
Сè уште нема коментари.