Пилешко тако
Вкусен рецепт за домашно тако.
Упатства
За сосот
1
Во тенџере измешајте го кечапот, шеќерот, оцетот, Ворчестер сосот, сенфот и буковецот.
2
Ставете ги на рингла на среден оган додека да зоврие смесата.
3
Намалете ја јачината и оставете го сосот да се готви 3-4 минути додека да се растопи шеќерот и малку да згусне.
За месото
4
Пилешкото месо исецкајте го на ситни парчиња, испржете го и потоа оставете го на страна.
За гвакамоле
5
Изгмечете го авокадото. Потоа префрлете го во чинија и измешајте го со ситно сецкани домати, кориандер, кромид и сок од лимета. Зачинете со сол по вкус.
Составување
6
Тортиљите загрејте ги во тава на оган по 1 минута од секоја страна.
7
Премачкајте ја тортиљата со павлака, додајте пилешко, гвакамоле, марула и испрскајте врз се тоа со сосот.
8
Замотајте ги тортиљите и послужете.
Коментари (0)
Најави се за да оставиш коментар.
Сè уште нема коментари.